Работнички е подготвен за пресметката со Вардар

По репрезентативната пауза на програмата се враќаат натпреварите од Првата македонска фудбалска лига.

Дербито на 24. коло ќе се одигра на арената „Филип Втори” во Скопје, каде Работнички го пречекува градскиот ривал Вардар. Шефот на стручниот штаб на „романтичарите”, Жикица Тасевски, вели дека неговиот тим е подготвен за предизвикот.

– Натпреварите со Вардар секогаш носат посебна возбуда, актерите на двете екипи имаат посебна инспирација. Работевме напорно за време на паузата поради репрезентативни настапи, ги анализиравме грешките, се обидовме да коригираме нешто во играта и се надевам дека ќе се прикажеме во многу подобро издание. По лошиот старт на пролетната полусезона, бодовите ни се потребни како леб. Но, и Вардар си има свои планови, и секако ќе биде тоа еден тежок и неизвесен дуел. Посакувам на крајот ние да се радуваме на триумф – вели Тасевски.

Во преостанатите натпревари се среќаваат: Ренова – Беласица, Шкупи – Македонија ЃП и Силекс – Шкендија.

Видео на денот