ПСЖ прави супертрио

EPA-EFE/MARISCAL

Францускиот шампион ПСЖ веќе ги започна подготовките за наредната сезона и новиот поход кон освојување на титулата во Лигата на шампионите. Првиот чекор на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи беше продолжувањето на договорот со тренерот Томас Тухел, што е знак дека двете најголеми ѕвезди на екипата, Нејмар и Килијан Мбапе остануваат на „Паркот на принцовите“.

Освен Адриен Рабио кој си заминува од екипата, клубот во летниот период ќе ги продаде и Ло Селсо за кого интерес пројави Реал Мадрид, како и Хесе и Криховијак. Можно е заминување на Единсон Кавани само под услов на „Паркот на принцовите“ да пристигне задоволителна понуда.

Како прва мета за засилување на ростерот е означен фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман. ПСЖ е подготвен да плати 150 милиони евра како обесштетување, а на играчот да му понуди 24 милиони евра како годишна плата.

Видео на денот