Прифатен текстот на договорот за намалување на цените на роаминг во земјите од Западен Балкан

Владата на денешната седница го прифати усогласениот текст на Договорот за намалување на цените на услугите за роаминг  во мрежите за јавни мобилни комуникации во регионот на Западен Балкан.

Како што соопшти владината прес-служба Владата го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски  да го потпише договорот за намалување на цените на роамингот на Западен Балкан.

Видео на денот