Постојат 500 начини да се победи, ние победивме грдо

EPA-EFE/PETER POWELL

Ливерпул остана во трката за титулата во англиската Премиерлига откако во 32. коло на среќен начин со 2:1 го совлада Тотенхем. Победничкиот гол беше дело на дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервеид кој во 90. минута имаше неспретна интервенција и топката ја смести во сопствената мрежа.

– Реков повеќе пати дека постојат 500 начини да се победи на еден натпревар, а ние денеска победивме на грд начин, но на кого му е гајле за тоа. Бев мирен по голот за победа бидејќи целата ситуација беше изненадувачка. Го видов ударот на Салас со глава но ништо потоа, не знаев дека топката е во мрежата – изјави Клоп по натпреварот.

Интересно е што Алдервеид одбележа јубилеј. Имено неговиот автогол беше 400. гол кој Ливерпул го постигна под водство на Клоп. Головите ги постигнале 36 фудбалери, а десет играчи со дале автогол.

По 32. коло, Ливерпул остана прв на табелата со 79 бодови, Манчестер сити е втор со 77 бодови но има и натпревар помалку.

Видео на денот