Пожар на планината Јабланица

Фото: МИА

Голем пожар избувна на планината Јабланица, меѓу селата Октиси и Вишни.

Поради непристапност на теренот екипите на Територијалната против пожарна единица, како што изјави за МИА командирот Ристе Талевски, не можат да интервенираат.

– Теренот е карпест, немаме пристап за гаснење. Екипите на ТППЕ Струга се на местото и ги штитат викендичките од евентуално проширување на пожарот – информира Талевски.

Според него, зафатена е голема површина шума, но не постои опасност за проширување кон населените места.

Видео на денот