Пике: Играм подобро за Барса откако ја напуштив репрезентацијата

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Капитенот на Барселона, Жерар Пике, смета дека прикажува далеку подобри игри откако се повлече од репрезентацијата на Шпанија. Пике по завршувањето на СП 2018 година во Русија одлучи да не настапува за репрезентацијата и да се фокусира само на настапите во Барселона.

– Ова не се однесува само на мене, туку и на многу други играчи. Во мојот случај, очигледно е дека почнав да играм подобро за Барселона, бидејќи повеќе не играм за репрезентацијата на Шпанија. Но веќе објаснив сè. Ја напуштив репрезентацијата бидејќи мислам дека дојде вистинскиот момент – вели Пике.

Видео на денот