Пет повредени во силна експлозија во индустриската зона на Стокхолм (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се повредени во голема експлозија во Стокхолм, соопшти денес шведската полиција. Како што се наведува, барем двајца повредени биле префрлени во болница.

Според локалните извори, до експлозијата дошло во индустриска зона, а причинета била штета на неколку згради.

Портпаролот на полицијата, Фредрик Андерсон, изјави дека ова подрачје е затворено и дека е започната истрага.

Во експлозијата биле оштетени фасадите на зградите и автомобилите кои биле во близина.

„Неколку лица се во состојба на шок, а еден од повредените има рани од стакло”, рекол Андерсон.

Полицијата привремено го блокирала тоа подрачје и започнала прелиминарна истрага за причината на инцидентот, но моментално нема официјални информации.

 

 

Видео на денот