Парондо: Мило ми е за повратниците во екипата

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо е задоволен од победата над Загреб но и од враќањето во натпреварувачки ритам на ракометарите кои беа повредени.

– Среќни сме со пласманот во четвртфиналето, тоа беше најважно за нас. Мислам дека одигравме ногу добро прво полувреме, играчите играа со интензитет. додека во второто бевме полоши. Мораше да играме 60 минути за победа. Мило ми е што денеска некои играчи се вратија по подолга пауза, како Сергеј, како Вуко Борозан… – изјави Парондо.

 

Видео на денот