Отворена изложбата „Портали 2019“

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчеравечер во Музеј на Град Скопје ја отвори изложбата „Портали 2019“, по повод одбележувањето на 21 март – “Европскиот ден на уметничка креативност“.

Изложбата е организирана од Град Скопје и Музеј на Град Скопје во рамките на проектот CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) ко-финансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската комисија.

„Портали“ претставува изложбен концепт преку кој Музеј на град Скопје и Градот Скопје, на домашната публика, но истовремено и на европската јавност во периодот од 2018-2021 година ќе им ги претставуваат идеите и делата на плејада млади уметници од Скопје, во рамките на проектот CreArt-Мрежа на градови за уметничко творештво.

На изложбата ќе бидат претставени делата на Александра Ацеска, Ана Јовановска, Ива Станковска, Ивана Мојсовска, Игор Таневски, Кристијан Јованоски, Кристијан Тодоров,Тамара Антевска Бајдевска и Филип Ивановски-Пепе.

Видео на денот