Осум автобуски линии ќе возат по изменета траса

Од денеска (20.03.2019 година) поради асфалтирање на коловозот на дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 ќе возат по друга траса од вообичаената.

Возилата од булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе вртат лево по улица „Ферид Бајрам“, потоа десно по улицата „Кемал Сејфула“, а оттаму секој по својата утврдена траса.

Се очекува времениот режим на сообраќање да трае 7 дена.

Видео на денот