Општина Карпош: Доцнат парите за асистентите на децата со посебни потреби

По објавата во дел од медиумите дека на асистентите на децата со посебни потреби ангажирани од Општина Карпош неколку месеци им доцни исплатата, од Општината негираат дека проблемот е кај нив.

– Станува збор за трилатерален договор помеѓу општина Карпош, Програмата за развој на Обединети нации (UNDP) и Министерството за труд и социјална политика. Средствата доцнат само за овој месец во сите општини и тие средства ги трансферира до нас УНДП. Тоа не се буџетски средства на општината Карпош – изјавија од општина Карпош.

Инаку проектот е започнат во септември 2018 и завршува во јуни 2019 година, опфаќајќи ја целата 2018/19 година.Станува збор за лични и образовни асистенти кои овозможуваат полесно следење на наставата и совладување на училишните обврски од страна на учениците со посебни потреби.

 

 

Видео на денот