Новицки продолжува да руши рекорди (ВИДЕО)

EPA/PAUL BUCK

Кошаркарот на Далас маверикс, Дирк Новицки во последната сезона во кариерата продолжува да руши рекорди. Тој во натпреварот на неговиот Далас против Њу Орлеанс четирите поени кои ги даде уште во првата четвртина стана шести најдобар стрелец во историјата на НБА лигата.   Германецот застана на 31.424 поени, шест повеќе од легендарниот Вилт
– Цела сезона се зборуваше дека можам да го надминам и се радувам што конечно целата приказна е зад мене, изјави Новицки.

Во дербито на вечерта Денвер нагетс со победата над Бостон селтикс од 114:105 и дефинитивно обезбеди пласман во плејофот. Најефикасен во победата на Денвер беше Никола Јокиќ со 21 поен и 13 скокови.

Резултати:

Кливленд – Детроит 126:119
Вашингтон – Јута 95:116
Бостон – Денвер 105:114
Торонто – Њујорк 128:92
Оклахома Сити – Мајами 107:116
Сан Антонио – Голден Стејт 111:105
Далас – Њу Орлеанс 125:129 по продолжение
Феникс – Чикаго 101:116
Портланд – Индијана 106:98.вз

Видео на денот