Новиот Xiaomi Mi 9 Explorer Edition пристигнува на крајот од март

Регуларниот модел Xiamoi Mi 9 е веќе еден од најпопуарните Андроид телефони, а новиот модел што пристигнува и се стреми кон тоа да ги задоволи и најпикантните потрошувачи.
Некои корисници изразиле незадоволство поради непостоење на 8ГБ (гигабајтна) и 256ГБ верзија од овој телефон. Ванг Тенг Томас, директорот за производство на Huawei, објави на Weibo дека оваа верзија од телефоните ќе пристигне наскоро.
Mi 9 Explorer ги споделува истите спецификации со редовниот модел, и тоа вклучува Super AMOLED FHD + дисплеј, Snapdragon 855 чипсет, последователно со 8GB и 12GB RAM. На предната страна од телефонот има 20MP камера, додека на задната има 48MP + 16MP +12MP сензори.
Се претпоставува дека моделот Xiaomi Mi 9 Explorer Edition 8GB / 256GB ќе чини околу 475 евра, а ќе биде објавен на крајот од март.