Новинарот кој го преживеа падот на авионот на Чапекоенсе  почина од срцев удар

EPA-EFE/LUIS EDUARDO NORIEGA A.

Новинарот Рафаел Хенцел еден од преживеаните во авионската несреќа во која загинаа речиси сите фудбалери на бразилскиот клуб Чапекоенсе во Колумбија, почина од срцев удар играјќи фудбал,

„Рафаел беше симбол на реконструкцијата на клубот и засекогаш ќе остане врежан во историјата на Чапекоенсе“, стои во соопштението од клубот.

Вечерва Чапекоенсе треба да го одигра натпреварот од Купот на Бразил против Крикиума, а на истиот ќе има и церемонија на сочувство во чест на Рафаел Хенцел.

Авионската несреќа се случи на 29 ноември 2016 година кога бразилскиот тим патуваше да го одигра финалето во Копа Судамерикана против колумбискиот Атлетико Национал. Радио коментаторот Хенцел беше еден од шесте луѓе кои успеаја да преживеат, а загинаа 71 од 77 патницви и членови на екипажот. Покрај Хенцел, преживеаја и тројца играчи на Чапкоенсе – Алан Русел, Џексон Фолман и Нето и двајца членови на екипажот.

Видео на денот