На 31 март започнува летното сметање на времето

Викедов завршува зимското сметање на времето и со поместување на стрелките на часовникот почнува летното сметање на времето.

Одлуката ја донесе Владата на Република Северна Македонија на 124-тата седница според која летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 02.00 часот по полноќ со поместување за еден час нанапред времето во 02.00 часот се смета како 03.00 часот.

Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 03.00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03.00 часот се смета како 02.00 часот.

Оваа Одлука е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС OJ: JOL2001031R002101 на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.

Донесувањето на оваа одлука, како што се наведува во соопштението, придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.

Видео на денот