Најмалку 71 лице загина при потонување на траект во Ирак, повеќето жени и деца

Најмалку 71 лице загина при потонувањето на претоварен траект во реката Тигар во близина на ирачкиот град Мосул, соопштија полициските и медицинските служби на Ирак.
Повеќето од жртвите се жени и деца, соопшти шефот на управата за цивилна одбрана на Мосул Хусам Калил.
Спасувачките екипи досега од водата извлекле 55 лица, од кои 19 деца.
На траектот се славела курдската Нова година, јавија локалните медиуми.Најмалку 71 лице загина
Видео на денот