Намалена затворската казна на Јанкулоска од шест на четири години

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-46/18, во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години.

Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Видео на денот