Мурињо се сели во Франција, но не во ПСЖ

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Португалскиот стратег Жозе Мурињо планира следната сезона да се врати во тренерските води и како негова идна дестинација се споменува Франција.
Мурињо, кој во декември минатата година доби отказ од Манчестер јунајтед, моментно работи како стручен аналитичар за неколку ТВ куќи, а откри дека од јуни очекува да се врати во тренерските води.
– Сакам да тренирам екипа и во петта лига и да триумфирам во Лигата на шампионите со трет клуб – изјави неодамна Мурињо.

Според оваа изјава, медиумите сфатија дека тој посакува да работи во Германија или Франција, бидејќи претходно титули освојуваше во Португалија, Англија, Шпанија и Италија.
Францускиот магазин „Л’Екип“ пишува дека следна дестинација на Мурињо ќе биде Франција, но не шампионот ПСЖ туку Монако, кој веќе се распрашувал кај неговиот менаџер Жорге Мендеш за евентуалниот ангажман.

Видео на денот