МЗТ Скопје Аеродром се пласира во финалето на АБА2 лигата

Фото: МЗТ Скопје Аеродром
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром обезбедија пласман во финалето на регионалната АБА2 лига.
Тимот на МЗТ Скопје ја оствари и втората победа против сараевски Сарс во полуфиналната рунда од АБА2 лигата.
Аеродромци попладнево пред својата публика во Јане Сандански забележаа триумф со 84-70 и со 2:0 во победи обезбедија место во финалето.
До овој триумф МЗТ го предводеа, Иве Иванов кој покрај  24-те поени имаше и 9 скокови, како и Лестер Метфорд кому му недостасуваше една асистенција да стигне до дабл-дабл завршувајќи го мечот со 14 поени и 9 асистенции. Двоцифрени беа и капитенот Дамјан Стојановски со 19, Предраг самарџиски со 11 и Бојиќ со 10 поени
Кој ќе биде противник на македонскиот вице-првак во финалето останува да се сочека исходот од пресметките меѓу српскиот тим БОРАЦ и екипа СИКСТ ПРИМОРСКА од Копер  дуел во кој словенечкиот тим има предност од 1-0 во победи, а вечерва од 20 часот ќе го играат вториот натпревар.
Потсетување дека со пласманов во финалето, МЗТ Скопје добива шанса да се врати во елитната прва АБА лига, за која директен влез обезбедува само шампионот на АБА2, додека второпласираната екипа ќе игра бараж против
Видео на денот