Мастиката на Фергусон продадена за 450.000 евра

EPA/GEORGI LICOVSKI

Делот од мастиката што ја „џвакаше“ сер Алекс Фергусон на последниот меч на клупата на Манчестер јунајтед е продадена на аукција за неверојатни 390.000 фунти (450.000 евра).
Целиот приход од аукцијата ќе биде уплатен во хуманитарната фондација на Манчестер јунајтед.

Фергусон за последен пат го предводеше Манчестер јунајтед на 19 мај 2013 година против Вест Бромвич Албион.
Легендарниот тренер дури 27 години беше на клупата на тимот од Манчестер (1986-2013) и под негово водство тимот освои 13 титули во Премиер лигата, пет трофеи во англискиот ФА куп и двапати победи во ЛШ.

 

Видео на денот