Македонија одигра нерешено со Словенија

Фото: Принтскрин Твитер

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено со репрезентацијата на Словенија во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Двете екипи постигнаа по еден гол.

Словенците поведоа во 34та минута со голот на Миха Зајц и на пауза отидоа со предност.

По само две минути од почетокот на второто полувреме македонскиот репрезентативец Енис Барди даде гол за конечни 1:1.

Силите на теренот изгледаа изедначено. Словенците при крајот на мечот со сите сили се обидуваа да постигнат уште еден погодок, но македонската одбрана играше решително а најизразен во одбрана беше дефанзивецот на Шкендија Висар Муслиу.

Со оглед на тоа дека пред мечот Словенија беше сметана за благ фаворит, овој поен од Љубљана е многу значаен за нашата репрезентација.

Македонија со 4 поени сега се наоѓа на трето место во групата Г позади Полска која е на првата позиција со 6 поени и Израел кој има 4 поени, но со подобра гол разлика од нас.

Видео на денот