Лошиот однос со шефот штетен за срцето?

Пушењето, дебелината и недостатокот на физичката активност го зголемуваат ризикот од инфаркт, но постојат и други, помалку познати потенцијални „извори“ на срцеви заболувања, а еден од нив е лошото деловно опкружување.
Кардиоваскуларните болести се водечки причинител за смрт во светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Разните истражувања ги регистрираа факторите кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.
Десетгодишната шведска студија објавена во магазинот British Medical Journal откри дека лошиот однос со надредените на работа ги зголемува шансите од срцев удар кај 40 проценти од луѓето.
Значи, не е шега – тоа што го мразите вашиот шеф може да го наруши вашето кардиоваскуларно здравје.
„Срцевиот удар може да биде предизвикан од преголемиот стрес на работа“, вели кардиологот од Институтот за болести на срцето во Орландо, Виџеј Кумар.
Ризикот од инфаркт дополнително се зголемува во комбинација со други фактори, како што се недостатокот на сон и лошата исхрана.