Леброн предвреме замина на одмор

EPA-EFE/MIKE NELSON

Леброн Џејмс нема да биде дел од ЛА Лејкерс на последните шест натпревари сезонава. ЛА Лејкерс шеста сезона по ред нема да биде дел од разигрувањето за титулата, додека пак за Џејмс ова е прв пат да не игра во плејофот по 2005 година кога беше дел од Кливленд.
Токму неиграњето во плејфот е главна причина, управата на „езерцата“ да му даде одмор на својот најдобар играч, кој пак ќе ја искористи за да залечи повредата на препоните.

Џејмс сезонава за прв пат во кариерата доживеа повреда, тој се повреди за време на божиќните празници и пропушти 17 натпревари.

– Таа повреда не беше целосно санирана бидејќи се брзаше за Леброн што побрзо да се врати. Затоа, најдобро за сите е сега да не се ризикува, сакаме Леброн Џејмс да биде максимално подготвен за следната сезона – стои во соопштението на раководството на ЛА Лејкерс

Видео на денот