Колку пари би дале за овие патики?

Овие патики чинат 766 евра (870 долари)…

Кога ќе купиме или ке добиеме нови патики, особено доколку се бели, ги мазиме и пазиме и страшно се нервираме ако некој не згазне или доколку ги извалкаме уште при првото носење.

Но, модната куќа Gucci смисли како да „подметне“ нова занимација – продава „валкани“ патики. ОК, патиките не се валкани, туку само наизглед се валкани, така делуваат на прв поглед и чинат 870 долари (766 евра).

Идејата на Gucci е да не ослободи од стресот и нервирањето околу валкањето на новите патики. Значи, сметајте го ова за „антистрес терапија“, затоа и толкава е цената.

Се продаваат и машки и женски патики, а во зависност од бојата на шарите, цената може да достигне и до 980 долари.

Видео на денот