Клубовите се „тепаат“ за Елмас, Фенербахче не сака да чуе за продажба

EPA/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас, по двата одиграни натпревари во квалификациите, повторно се најде во фокусот на интерес на европските екипи.  Фудбалерот на Фенербахче, во победата од 3:1 на Македонија над Летонија постигна два гола, а во дуелот со Словенија (1:1) тој беше еден од најдобрите играчи на теренот.

Според медиумите во Турција и во Русија, последен тим што пројави сериозен интерен за Елмас е Спартак Москва, кој за 19-годишниот фудбалер понуди 10 милиони евра. Оваа понуда веднаш е одбиена, а челниците на турскиот тим изјавија дека немаат намера да преговараат доколку не пристигне понуда од најмалку 25 милиони евра.

Освен Спартак Москва, интерес за ангажман на македонскиот репрезентативец покажаа и Манчестер сити, Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Олимпик Лион, Лестер, Зенит.

Видео на денот