Исчистени триста кубни метри отпад од диви депонии на Јадранската магистрала

Во текот на викендот заврши седумдневната акција за генерално чистење на Јадранската магистрала, во скопската населба Визбегово. Во нејзината реализација секојдневно беа ангажирани 35 работници на ЈП „Комунална хигиена“, како и екипи на ЈП „Водовод“, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.

Во рамките на акцијата биле исчистени приближно триста кубни метри отпад од диви депонии на потегот од булеварот „Словенија“ кон Момин поток, а поради поволните временски услови се спроведувало и машинско миење со автоцистерна.

Град Скопје ги повикува стопанските субјекти и угостителските објекти да помогнат во одржување на хигиената на Јадранска магистрала бидејќи без нивна помош, нивните активности нема да бидат долготрајни.

Видео на денот