Заев и Мицковски во жестока расправа за 27 април во „Само Вистина“

Фото: Принтскрин

Лидерите на двете најголемите политички партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски моментално се наоѓаат на телевизиски дуел во емисијата „Само Вистина“ на телевизијата Канал Пет.

Премиерот Зоран Заев побара од лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел во „Само вистина“ да го осуди насилството на 27 април во Собранието, на што опозицискиот лидер рече дека го осудува крвавиот чертврток, но и драконските казни за обвинетите.

Тој повтори дека станува збор за високи казни кои ги спореди со казните за обвинетите сириски борци.

На тоа Заев му забележа на Мицкоски „да не мрчи“ и да го осуди насилството во Собранието.

Видео на денот