ЕХФ не верува во Вардар

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ЕХФ повторно не го смета македонскиот шампион Вардар како еден од фаворите за триумф во ракометната Лига на шампиони. Според ЕХФ, Вардар е шести фаворит за титулата, што е пад за едно место во однос на претходното рангирање.

„Момците од Скопје продолжуваат да импресионираат сезонава, иако минатото лето беа направени големи промени во тимот. Домашниот пораз од Веспрем е единствен кикс во 2019 година, но тоа ги чинеше пад на третото место на табелата во Групата А. Сега ги очекува незгоден двомеч со Загреб во осминафиналето“, стои на официјалниот сајт на ЕХФ.

Главен фаворит за освојување на титулата во ЛШ е францускиот ПСЖ, а по него со најголеми шанси е Барселона. Како трет и четврти фаворит се рангирани унгарските ПИК Сегед и Веспрем, а пред Вардар се наоѓа уште и германскиот шампион Фленсбург.
Вардар во осминафиналето на ЛШ се среќава со Загреб, првиот натпревар „црвено-црните“ го играат како гости на 23 март, а реваншот во Скопје е закажан за 30 март.

Видео на денот