Дончиќ се израмни со легендарниот Меџик (ВИДЕО)

Лука Дончиќ продолжува да ги воодушевува фановите во НБА лигата, овој пат успеа да израмни рекорд на легендарниот Ирвин Меџик Џонсон. Дончиќ во поразот на Далас од Сакраменто од 125:121 имаше учинок од 28 поени, 12 скокови и 12 асистенции, со што стана само втор играч во историјата кој до 21 година имал седум трипл-дабл натпревари.

Воедно, тој се израмни на третото место на вечната листа на дебитанти со трипл-дабл. Рамо до рамо со него е Меџик Џонсон, но тешко е да се поверува дека Дончиќ ќе успее да го стигне Бен Симонс, кој лани во дресот на Филаделфија имаше 12 трипл-дабл остварувања. Највеќе трипл-дабл учиноци во една сезона како дебитант има легендарниот Оскар Робертсон, кој во сезоната 1960-61 имаше 26 натпревари со вакво постигнување.

 

Видео на денот