Дневен весник од кој изникнува цвеќе (ВИДЕО)

Ако ви звучи неверојатно дека од весник може да настане цвеќе, не ве обвинуваме. Еден од најчитаните дневни весници во Јапонија создаде весник кој во целост е еколошки.

Јапонија уште еднаш докажа дека е напредна земја. Најновиот потфат вреден за пофалби е дневен весник направен од рециклирана хартија, кој содржи семе од билки, кои по читањето на весникот можат да се засадат. Ова „зелено“ издание е всушност дневниот весник „Mainichi“ и се продава во речиси пет милиони примероци.

При изработката на материјалот на кој се печатат вестите, фабриката за хартија во целулозната маса додава семки кои стануваат составен дел од листовите.

Дури и мастилото кое се користи е добиено на еколошки начин бидејќи е направено од зеленчук.

Секој примерок од весникот, откако ќе биде прочитан, пожелно е да се насади.

Доволно е парчиња од весникот да се засадат во земја, да се полеат како и останатите билки, и по неколку недели од земјата ќе изникне цвеќе. Можете да го засадите и целиот весник, доколку сакате бујна градина. Неверојатно, зарем не?

Видео на денот