Бугарската министерка за правда поднесе оставка, купила стан под пазарната цена

фото: МИА

Бугарската министерка за правда Цецка Цачева денеска поднесе оставка, откако медиумите објавија дека таа и уште тројца функционери од владејачката партија на десен центар ГЕРБ купиле луксузни станови под пазарната цена.

Утрово, премиерот Бојко Борисов ја прифати нејзината оставка.

Оставка денеска поднесе и заменичката на министерот за спорт Вања Колева, додека Цветан Цветанов, шеф на пратеничката група на ГЕРБ тврди дека нема ништо спорно при купувањето на станот.

Видео на денот