Близок соработник на Ким Џонг-Ун во посета на Москва

Висок севернокорејски функционер Ким Чанг Сон, кого медиумите го нарекуваат „батлер” на лидерот Ким Џонг-Ун веќе неколку дена престојува во Москва, соопштиле неименувани извори сугерирајќи дека Ким наскоро би можел да ја посети Русија.

Ким Чанг Сон во Москва пристигнал во вторникот преку Пекинг и се уште е во главниот град на Русија, изјавиле извори од двата града.

Јужнокорејската агенција Јонхап јави дека сето тоа укажува оти Пјонгјанг можеби ја подготвува првата посета на Ким на Русија откако стапи на должност затоа што станува збор за човек кој е задолжен за логистички подготовки на патувањата на Ким во странство.

Тој престојуваше во Сингапур во јуни минатата година и во Ханој минатиот месец пред средбите на Ким со Доналд Трамп.

Видео на денот