Баерн и официјално искешира 80 милиони евра за Хернандез

EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Баерн Минхен конечно ја напушти политиката да не плаќа огромни суми за ангажман на нови фудбалери и веднаш со првиот чекор од новата политика собори клупски и германски рекорд.

Германскиот тим одлучи да ја активира откупната клаузула од од 80 милиони евра за дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Лукас Хернандез со што го направи најголемиот трансфер во геманскиот фудбал.

– Задоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на еден од најдобрите одбранбени фудбалери на светот. Тој ќе донесе дополнителен квалитет во одбраната, како и голема свежина во нападот – изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

Баерн долго време разговараше со Атлетико, трансферот договорен за во јануари беше одложен, за Баварците денеска и официјално да објават дека Ернандез од 1 јули се сели на „Алијанц арена“. Дефанзивецот беше среќен во Мадрид, но понудата од Минхен беше неодолива, плата од 13 милиони евра по сезона (три пати повеќе од онаа во Атлетико) со која Ернандез се реши да го напушти својот сегашен клуб.

Видео на денот