Абрамович го продава Челси за три милијарди евра

Роман Абрамович по проблемите со британските власти околу визата донесе конечна одлука да го продаде Челси. Русинот веќе започна преговори со најбогатиот Британец, сер Џими Ретклиф, притоа одредувајќи ја цената за евентуалната продажба на 2.5 милијарди фунти, или три милијарди евра. Ретклиф веќе направил анализа на сотојбите во Челси и засега е подготвен да плати 2.1 милијарди фунти (2.5 милијарди евра) притоа обврзувајќи се веднаш да започне со изградба на нов стадион.
На Абрамович му дојде преку глава од проблемите со британските власти кои прво му ја укинаа визата по што тој извади израелски пасош но и покрај тоа Британија му го ограничува правото на престој на само шест месеци. Поради ова тој во 2019 година сеуште не присуствувал на ниту еден натпревар на Челси, а во меѓувреме ја одложи изградбата на новиот стадион за кој ги има сите потребни дозволи.
Освен со британските власти, Абрамович има големи проблеми и со најголемата ѕвезда во тимот, Еден Азар кој им соопшти на соиграчите дека на лето си заминува од Стемфорд Бриџ и сака да се пресели во Реал Мадрид.